Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дисциплинската комисија на УЕФА задолжена за финансискиот фер-плеј казни три клуба, кои ги прекршија правилата, а еден од нив е најтрофејниот македонски клуб Вардар.
Вардар е условно казнет, односно исфрлен од европските натпреварувања во наредните две години, доколку до 31 јануари 2019 година не ги исплати заостанатите долгови, а освен тоа ќе мора да платат и казна од 100.000 евра.
Исто така, казни добија Левски од Софија и Спортинг Лисабон, зашто не доставиле потребна документација за финансиските работи во предвидениот рок.