Уживање во наредните денови: Започнува Рели Дакар!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од парагвајскиот главен град Асунсион до аргентинска Ресистенција со должина од 454 км денес стартуваше 39-то Рели Дакар.

Најдоброто натпреварување во рели по 9-та година по ред се одржува во Јужна Америка, по сигурносните проблеми на африканскиот континент.

Во 12 етапи возачите ќе поминат повеќе од 9.000 км, а конечната цел е во Буенос Аирес на 14-ти јануари.

Покрај Парагвај и Аргентина, патеката продолжува низ Боливија. Пријавени се 83 тимови во конкуренција на автомобилисти, титулата ја брани Стефан Петерхансел од Франција.

Тој во наредните 14 денови ќе се бори за 13-та победа на Дакар.

Во конкуренција на мотоциклисти пријавени се 149 учесници, титулата од 2016-та година ја брани Австралиецот, Тоби Прајс.