Украс на секој тим: Најубавите фудбалски грбови


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клупскиот грб е најважниот симбол на еден клуб.

Голем број клубови во текот на историјата одлучија да извршат многу промени на грбовите, но има и такви кои ја негуваат традицијата и не се откажуваат од минатото толку лесно.

Некои привлекуваат големо внимание поради својот дизајн, но и различни симболи.

  1. ЦСКА Москва

Клупскиот грб на тимот од Москва не е обичен. Тој ја пресликува големината на рускиот клуб, а особено се означени деталите на поранешната комунистичка држава, СССР. На грбот постои комунистичка ѕвезда, клупско име, датум на формирање, топка, а особено се импресивни боите.

  1. Ливерпул

Иконата на ПЛ, Ливерпул има еден од најубавите грбови во светот. Грбот на Ливерпул е вистинска уметност. Покрај името и датумот на формирање, во центарот на грбот се наоѓа и птицата на Ливерпул, симбол на градот додека од страните се два пламени.

Над името на клубот е сместено мотото на навивачите на овој клуб „You`ll never walk alone“.

  1. Базел

Иако изгледа како обичен грб, сепак тоа никако не смее да се смета така. Ако погледнете внимателно ќе забележите одличен дизајн, кој сега е претпознатлив во светот. Црвена, сина и жолта боја доминираат на овој грб, а изгледот е фантастичен.

  1. Гуангжу Евергранде

Кинески клуб кој има импресивен грб. Во центарот на грбот е тигар, под него е топка во пламен и името на клубот. Исто така, над тигарот е мотото „Be the best forever“.

  1. Бирмингем Сити

Англискиот клуб Бирмингем има еден од најкреативните грбови во светот. Овој клуб е еден од најстарите, а на својот грб имаат две топки. Една е украсена со името на овој клуб, а друга е топка претставена како глобус.

Исто така на грбот се наоѓа датумот на формирање на клубот.

  1. Сампдорија

Таа можеби не е меѓу најуспешните италијански тимови, но затоа има еден од најоригиналните грбови во светот. Тие на грбот имаат лице на рибар со луле во устата, морнарска капа, брада и коса која е подигната од ветрот.

Оваа фигура е над боите на клубот, а фигурата се вика Бачисија, што на дијалект на градот Џенова значи Џовани Батиста.

  1. Универсидад де Гуадалахара

Мексикански тим формиран во 1970 година, а се натпреварува под името Леонес Негрос, односно Црни Лавови.

Очекувано, лавови постојат на грбот, кој навистина изгледа импресивно.

  1. Лампанг ФК

За овој клуб најверојатно никогаш немате слушнато, бидејќи се натпреварува во ниски тајландски лиги. Лампаг меѓутоа има еден од најдобрите грбови во светот, на кој заедно со името и топката, се наоѓа и кочија. Боите на клубот се зелено-црни, а овој грб изгледа импресивно.

  1. Келн

Германски Келн е во самиот врв на оваа листа. Грбот на овој клуб е еден од најпопуларните на светот, а на него доминира симболот на клубот, а тоа е јарец. За информација, името на јарецот е Хенес, а по него клубот го носи и прекарот Јарци.

     

  1. Ајакс

Еден од најпознатите клубови во светот е Ајакс. Со 33 титули се најдобриот тим во Холандија, а имаат и еден од најдобрите грбови во светот. Клубот доби име по грчкиот херој Ајакс, кој е симбол на овој тим и доминира со името и градот од кој доаѓа.