Управата на Манчестер Јунајтед го плаќа Алексис Санчез неверојатни 16.000 фунти по минута?!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Чилеанскиот напаѓач, Алексис Санчез единствено е лошо засилување на Манчестер Јунајтед во изминатата деценија, барем ако се гледа неговиот досегашен престој на „Олд Траофрд“.

Спортсман им ги одби платите на фудбалерите на Манчестер Јунајтед во периодото додека биле повредени, потоа ги подели колективните заработки и ги подели на бројот на одиграни минути во лигата оваа година.

Така е пресметано дека Манчестер Јунајтед го плаќа Алексис дури 6 илјади по одиграна минута во Премиер лигата. Алексис заработува дури 505.000 фунти седмично, а оваа сезона одигра 615 минути во Премиер лигата, односно 14 натпревари. Инаку, постигна само еден погодок.

Минатогодишното засилување Фред, кој екипата ја чинеше 52 милиони фунти, во текот на оваа сезона клубот го чинеше 6.000 фунти по минута. Тој неделно заработива 120.000 фунти, а оваа сезона одигра 566 минути.

Зад нив двајца е Пол Погба кој клубот го чинеше 4000 фунти по минута, но за него вреди се со оглед на тоа дека оваа сезона е прв стрелец во екипата и нуди фантастични партии.

Интересно, Маркус Рашфорд е најефтин за управата на клубот со оглед на тоа дека чини само 767 фунти по одиграна минута, а постигна девет погодоци во лигата.