Урнебесна реакција на Роналдо, откако го вознемируваа Иранци додека спие (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Руска телевизија објави кратко видео на кое се гледа како Кристијано Роналдо се обидува да ги смири гласните навивачи на Иран.

Португалија вечерва игра против Иран, кој мора да победи ако сака да се пласира понатаму, а Иранците имаат големи очекувања против селекцијата на Португалците.

Токму пред прозорецот на Роналдо се случуваше некаква бучава, но ѕвездата на Реал Мадрид излезе на прозорецот и со движења со раката побара од иранските навивачи да се смират и да го пуштат да спие.

Не знаеме дали молбата на Роналдо завршила успешно, но ако биде расположен како во првиот натпревар на Мундијалот, тогаш нема да им биде лесно на Иранците.