Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
Се повеќе се шушка дека Шпанецот може назад во татковината, еве што е потребно да направи за желбата да му биде исполнета.
Давид Де Геа не крие дека сака да се врави во Мадрид, каде што има понуда од Реал.
И покрај фактот дека кариерата ја почна во Атлетико, бројот еден на шпанската репрезентација е многу загреан да го засили „кралскиот“ клуб.
Се сеќаваме дека пред две години Реал веќе испрати понуда на Олд Трафорд за неговите услуги, поради фијаското со факс машината целата приказна пропадна и тој остана во Манчестер.
Во ова лето може тоа да се промени, Реал повторно е сериозно загреан, во него гледаат идеално засилување за долги стази, а тренерот на Црвените ѓаволи за Де Геа има само еден услов.
Имено, тој се плаши дека Шпанецот може да го загуби фокусот пред најважните мечеви во сезоната, т.е од Де Геа бара да биде сконцетриран на партиите во дресот на Манчестер до крајот на сезоната, а тогаш може да замине.
Се очекува Реал за неговите услуги на сметка на Манчестер да уплати 50 милиони фунти, што Де Геа ќе го направи најскап голман на сите времиња, Мадриѓаните со таа понуда ќе го соборат рекордот, кој Јувентус ги постави кога во 2001 година од Парма за Џиџи Буфон потрошија 32 милиони британски фунти.