Уште еден трансфер комплетиран во Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Хадерсфилд штотуку објавија дека го комплетирале трансферот на Џејсон Панчон кој доаѓа од редовите на Кристал Палас.

32 годишниот офанзивен фудбалер ќе ги помине следните шест месеци во тимот на Дејвид Вагнер и ќе биде од голема помош во битката за опстанок.

„Многу сум среќен што му посакуваме добредојде на Џејсон во Хадерсфилд. Јасно е дека сакаме да додадеме квалитет во нашиот среден ред во јануарскиот преоден рок и сигурен сум дека нашите навивачи знаат колку беше добар Џејсон изминативе години во Премиер лигата“- истакна Вагнер.