Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Екипата на Вардар забележа уште еден убедлив пораз од Реал Сосиедад, овој пат на гостувањето во Шпанија на стадионот „Аноета“.
Домашниот тим одигра одличен натпревар и без поголеми тешкотии славеше победа со 3:0.
Со оваа победа Реал Сосиедад изби на првата позиција на табелата во групата Л по поразот на Зенит на гостувањето кај Розенборг (1:0).
Во првиот дел падна само еден погодок, а стрелец на истиот беше Хуанми во 31. минута. Напаѓачот ја затресе мрежата на Гачевски со глава од околу 12 метри.
Во вториот дел Сосиедад постигна уште два гола. Најпрво де Ла Бела постигна феноменален погодок во 69 минута, а потоа Баутиста во 81. минута го постигна конечниот резултат.