Уште еден фудбалер на Баерн Минхен си заминува по крајот на сезоната


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот весник „Кикер“ пренесува дека уште еден од плејадата искусни фудбалери на Баерн Минхен ќе си замине од клубот следното лето.

Станува збор за играчот од одбраната Рафиња кој ќе ја напушти „Алијанц Арена“ штом неговиот договор истече во јуни следната година.

За 33 годишниот бразилски интернационалец постои сериозен интерес од неколку екипи од Кина, но постои можност тој да се врати и во родниот Бразил.

Годинава Рафиња има одиграно вкупно 14 натпревари за тимот на Баерн Минхен на кои успеал да запише две асистенции.