Уште еднаш Меси го воодушеви фудбалскиот свет: Ова нема врска со неговата фудбалска уметност… (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона изминатиот викенд славеше против Рајо Валекано со 3:1 во мечот од 27. коло во Ла Лига.

Лео Меси пристигна до својот 26. првенствен погодок оваа сезона и тоа од белата точка. Меѓутоа, фантастичниот Аргентинец направи и потег вреден за пофалба, а притоа истиот нема врска со неговата фудбалска уметност.

Имено, фудбалскиот свет е воодушевен од „фер-плеј“ потегот на Меси.

Меси ја загуби рамнотежата во казнениот простор на Рајо Валекано по еден дуел со противничкиот играч. Аргентинецот падна, а неговите соиграчи побараа од судиите да свират пенал.

Арбитарот побара ВАР собата да ги подготви снимките, кога Меси посочи дека пенал нема, и дека не паднал поради фаул туку поради фактот дека ја загубил рамнотежата.

Инаку, Лео Меси игра уште една фантастична сезона, а моментално е најдобар стрелец и најдобар асистент во сите пет најуспешни лиги.