Уште едно ново име на клупата на италијанскиот прволигаш: По само шест месеци реконструкција?! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шест месеци беа доволни за некои екипи во Италија да сфатат дека е време за промена, па токму тоа се случи во Фросиноне.

Италијанскиот прволигаш денес соопшти дека доскорешниот тренер на првата екипа, Морено Лонго е променет од позицијата поради незадоволувачките резултати.

Фросиноне моментално се наоѓа на 19. позиција со само една запишана победа и многумина ги прежалија во битката за опстанок во најелитниот ранг на Апенините.

Клубот соопшти дека екипата до крајот на сезоната ќе ја предводи Марко Барони.

Во прашање е некогашниот тренер на Беневенто со кој влезе во Серија А, како и младиот тим на Јувентус.