Уште мислите дека на Абрамович не му се исплаќа?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рускиот милијардер, Роман Абрамович вложува многу пари во Челси.

Многумина во минатите години се запрашуваа дали на Абрамович му се исплаќа да го води тимот, но последниот трансфер од тимот на Лондон потврдува дека Абрамович знае што работи.

Челси го продаде Оскар во Кина за неверојатни 60 милиони фунти, а го платија во летото во 2012-та година на Интернационал само 27 милиони.

Освен тоа, пример за добрата работа во последните неколку години беа и Давид Луиз, купен за 21, а продаден за 50, Лукаку кој беше купен за 18, а продаден за 30 милиони фунти и Рамирес кој беше купен за 19, а продаден за 35 милиони фунти во Кина.