Уште само Гризман им фалеше…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гризман, одличниот напаѓач на Атлетико, наводно е голема желба на Барселона, која спреми понуда за летниот преоден рок, но исто така се појави вест дека ПСЖ е заинтересиран за францускиот голгетер.

ПСЖ во своите редови има одлични играчи како што се Нејмар, Кавани и Мбапе, но повеќето им се поврзуваат со Реал, Барселона… па лесно може да се случи ротација во нападот на ПСЖ.

Посебно може да си замине искусниот Кавани, а во тој случај, како што пишува АС, па во тој случај да го доведат Гризман на Паркот на принцевите.

Во извештајот се сугерира дека Гризман ќе биде отворен за трансфер во ПСЖ, но веројатно Атлетико ќе бара 200 милиони за него, колку што стои сумата во клаузулата за оштета.

Со обзир и на другите гласини, летото пред нас ни носи многу возбудувања и дестина големи трансфери, меѓу кои и потенцијален трансфер на Гризман.