Фабрегас ја откри причината зошто не е во прв план


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сеск Фабрегас не е во прв план во оваа сезона кај Антонио Конте, италијанскиот стручнак повеќе верува на Матиќ и Канте на средината на теренот.

Можеме слободно да кажеме дека Сеск Фабрегас е жртва на тактиката на Антонио Конте, кој на средината на теренот далеку повеќе игра со Матиќ и Канте, отколку што го користи шпанскиот фудбалер.

Сепак, Фабрегас нема основа да се лути, погледнете ја само ситуацијата на табелата од Премиер лигата и се ќе ви биде јасно.

Шпанецот зборуваше за причините зошто не игра и дека талентираните фудбалери далеку потешко успеат во фудбалот денеска, отколку што тоа било случај порано.

„Не мислам дека моите физички својства се најдобри, ниту сум најбрз, ниту најсилен. Значи, ако играч како јас успее во фудбалот, мора да биде пред оваа игра, мора да биде многу талентиран.

Затоа сум многу горд, секој ден гледам се повеќе силни играчи и фудбалери кои трчаат доста, а помалку играчи со талент. Да се биде фудбалер денеска е далеку полесно ако сте силен и брз. Не мислев дека вака ќе се развива ситуацијата“, рече Сеск Фабрегас.