Фановите и „вријат“ и гледаат хумот во изјавата на Мурињо: Јунајтед ќе биде на врвот, верувајте ми!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо верува дека големиот клуб ќе се врати на врвот во англискиот фудбал. А кога ќе се врати, ќе се бори за титулата.

Во ова не веруваат ниту најприврзаните навивачи на Манчестер Јунајтед, но останува да видиме.

Така, Мурињо изјави дека Манчестер Јунајтед „наскоро“ ќе биде помеѓу првите четири екипи во Премиер лигата, а кога ќе се вратат на врвот ќе бидат сметани за едни од кандидатите за шампионската титула во Англија.

Екипата на Мурињо победи во само два од последните пет лигашки натпревари, но оптимизмот не го напушта се уште предводникот на „Ѓаволите“.

„Кога не сте во Топ 4 екипите, не треба да зборувате за титула. Но, кога сте на врвот, каде Манчестер Јунајтед ќе биде, тогаш можете да ги согледате работите и да видите колку бодови заостанувате зад водечките екипи, да го анализирате распоредот на своите натпревари и натпреварите на конкурентите, колку играчи имате на располагање“, истакна Мурињо во пресрет на гостувањето на својата екипа кај одличниот Борнмаут, кој е две позиции над Јунајтед со 20 освоени бодови.

„Но, моментално не сме помеѓу првите четири екипи на табелата. Мораме да работиме уште повеќе за да напредуваме, и да бидеме подобри. Бодовите ни се потребни за до крајот на декеври да заземеме подобра позиција, некаде на која сме сега. И верувам дека ќе бидеме“.

Португалецот оцени дека на досегашниот распоред на Јунајтед влијаела и моменталната позиција на табелата. А уште повеќе ќе…

„Распоредот не ни е наклонет моментално. Во овој дел од сезоната гостуваме кај најголемите кандидати за титулата моментално – Ливерпул, Челзи и Манчестер Сити, а сега најпрво Борнмаут. Ќе имаме и гостување кај Јувентус во ЛШ, пред натпреварот со Сити. Но, до крајот на декември, нема да бидеме на позицијата на која сме сега. Ќе бидеме на подобра“, уверено истакна Мурињо.