Фановите на Манчестер Јунајтед може да здивнат


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Манчестер Јунајтед избегна казна од страна на ФА поради инцидентот на натпреварот против Брајтон.

Англиските медиуми потврдија дека Фудбалската асоцијација на Англија нема да покрене постапка против Лукаку откако без топка го удри противничкиот соиграч Гаетано Бонг.

Се шпекулираше дека ФА ќе му даде три меча суспензија на Белгиецот, но по последните најави тоа нема да се случи.

Со ова фановите на Манчестер Јунајтед може да здивнат со оглед на тоа што Лукаку ќе биде во составот за вечерашниот натпревар со Вотфорд, но и за дерби натпреварите со Арсенал и Манчестер Сити.

Фановите на другите екипи „удрија“ по ФА и нејзиниот заменик претседател Дејвид Гил кој долги години беше извршен директор во Манчестер Јунајтед.