„Фантастичен е, новата улога му одговара!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Јувентус утре ќе игра натпревар од 26-то коло во Серија А, а противник е тимот на Емполи.

Тренерот на Јувентус, Алегри најави неколку измени во тимот.

На голот ќе застане Нето, а на одмор ќе заминат Буфон и Кедира.

За останатите играчи Алегри ќе одлучи подоцна.

Алегри го пофали и Пјаниќ кој игра одлично во изминатиот период.

„Тој е играч со голем квалитет. Со новата улога тој одлично ги покрива двете страни. Планот е да игра напред пред одбраната и со своите интелигентни потези да им ја одзема топката на противниците. Во средата одигра одлично, иако има сеуште простор за напредок.“