Фантастичен натпревар во Лондон, Интер со пресврт до победа во Холандија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Одличен фудбал видовме на двата вечерашни натпревари од Б групата во рамките на второто коло од Лигата на шампионите.

Интер со пресврт славеше против ПСВ со 2:1. Домаќините поведоа со голот на Росарио во 27. минута. Израмнување за Интер донесе Наинголан во 44. минута, а за целосен пресврт се погрижи капитенот на Интер, Мауро Икарди во 80. минута.

Спектакуларен натпревар на „Вембли“ одиграа Тотенхем и Барселона, а на крајот Каталонците славеа со 4:2. Барселона поведе веќе во втората минута со голот на Кутињо, а Ракитиќ во 28. минута зголеми на 2:0. Во 52. минута Кејн ја врати надежта за Тотенхем, но само четири минути подоцна Меси погоди за 3:1. Ламела во 66. минута уште еднаш намали на 3:2, но до крајот на средбата Меси погоди уште еднаш за конечни 4:2.