Федерер преку Истомин лесно до второто коло на Австралија Опен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пласираше во второто коло на Австралија Опен.

Тој во првото коло денес играше против Истомин и со лесни 3-0 ја заврши работата. Швајцарецот на  теренот делуваше многу добро и покажа дека годините ништо не му можат.

Првиот сет го доби со 6-3, додека вториот сет заврши со 6-4.

Во продолжението беше јасно дека Истомин нема сила да се врати и да приреди чудо и беше јасно дека се е готово. И во третиот сет Федерер славеше со 6-4.