Федерика Брињони е победничка во Кронтплац


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанската скијачка Федерика Брињони стигна до победа во Кронтплац. Зад италијанската скијачка заврши Теса Ворли додека трета беше Марта Басино.

Времето на победничката беше 2:10.05, а Ворли и Басино имаа заостанување од 55, односно 57 десетинки.

За Италијанката ова беше трета победа во Светскиот куп.

Во пласман на велеслалом води Ворли со 580 бодови додека зад неа е Шифрин, а на трето место е Лара Гут со 360 бодови.

Во генералниот пласман во Светскиот куп води Шифрин со 1053 бодови додека Лара Гут е на второ место со 923, а Теса е на трето со 688 бодови.