Фед Куп – Хаваи останува без најдобрите тенисерки!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Серена и Венус Вилијамс, како и Кербер нема да настапуваат за своите селекции во меѓусебниот дуел во ¼-финалето на Фед купот.

Сестрите Вилијамс пред неколку денови играа финале во АО, но сега САД ќе мора без нив да игра против Германија.

Селекторката на САД, Кејти Риналди ги повика Коко Вандевеге, Алисон Риске, Шелби Роџерс и Бетани Матек-Сендс.

Од друга страна, Германија ги повика Андреа Петковиќ, Лаура Зигмунд, Џулија и Карина Витхефт.

Дуелот на САД и Германија е на програмата на 11-ти и 12-ти февруари на Хаваите. Победникот во ½-финале на 22 и 23 април ќе игра против подобриот од дуелот Чешка и Шпанија.

Во останатите натпревари играат Белорусија – Холандија и Швајцарија – Франција.