Фекир за прв пат се огласи по пропаднатиот трансфер во Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Лион и репрезентативец на Франција, Набил Фекир за прв пат даде коментар во јавноста по пропаднатиот трансфер во Ливерпул.

Трансферот беше пред реализација, но неочекувано, од Ливерпул не успеаја да договорат некои финални детали по што истиот не се реализира.

„Слушнав доста за тоа. Вистинската причина? Ја знаат само во Ливерпул.  Такви работи се случуваат, тоа е едноставно така. Мора да одиме понатаму, сега се е во минатото. Целосно се помирив со фактот дека трансферот пропадна“- коментираше Фекир.