Фекир ќе го одбие ПСЖ за да направи трансфер во Англија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ле Парисиен“ пренесува дека Набил Фекир е подготвен да ја одбие понудата која се подготвува од ПСЖ се со цел да направи трансфер во англиската Премиер Лига.

Фекир би ги одбил парижаните и поради почит кон неговиот сегашен клуб Лион, но би немал ништо против да се пресели во Англија или Шпанија.

„Англија и Шпанија. Ова се двете најатрактивни лиги. Таму фудбалот се сака. Од техничка гледна точка играат уреден фудбал. Тие лиги се најдобри“- коментираше Фекир.

Сериозен интерес за услугите на 24 годишниот фудбалер има од редовите на Арсенал и многу е веројатно „топчиите“ со сите сили да тргнат по овој фудбалер во летниот преоден рок.