„Фелаини направи идиотски потег“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некогашниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед Гери Невил го критикуваше играчот за врска на овој тим Маруан Фелаини после направениот пенал во последните минути од мечот против Евертон.

Тој пенал го чинеше Манчестер Јунајтед кој на крајот наместо три бода мораше да се задоволи само со еден. Невил порача дека потегот на Фелаини беше идиотски.

„Тој мораше да се соочува со долги топки во нашиот шеснаесетник. Можете да ја видите смислата на неговата игра во тоа, но кога ќе направите таков идиотски потег… Тоа беше навистина лош потег од еден фудбалер кој има толку меѓународно искуство. Не можете да го обвинувате тренерот, тоа едноставно беше момент“, рече Невил.

Да потсетиме дека навивачите на Манчестер Јунајтед после мечот го критикуваа Фелаини побараа да замине од клубот, а веројатно ништо против тоа нема да има ни Невил.