Фелипе Андерсон: Сон е да се игра за Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот на Лацио, Фелипе Андерсон во интервју за „Спорт ТВ“ призна дека сонува да игра за Манчестер Јунајтед.

Андерсон е трансфер цел на Манчестер Јунајтед веќе три години со ред, но Лацио упорно ги одбива понудите кои ќе стигнат на нивна сметка за овој играч.

Бразилскиот интернационалец повторно ги подгреа шпекулациите за негов можен премин на „Олд Трафорд“ со една изјава дадена за „Спорт ТВ“.

„Секој играч сонува да игра за тим како Манчестер Јунајтед. По мојата сезона која беше многу добра секако дека ќе има шпекулации. Ако се појави можност морам да се презентирам себеси на одличен начин.“- коментираше Андерсон.

24 годишниот офанзивен играч оваа сезона постигна пет голови и асистираше девет пати во дресот на Лацио.