Фелипе Мело заврши во болница по хорор повреда на главата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Фелипе Мело во зимскиот преоден рок го напушти Интер и својата кариера ја продолжи во Палмеирас.

Мело одлучи да го напушти Интер поради малата минутажа, па на крајот се врати во Бразил.

Овој играч за врска потпиша за Палмеирас, па во скоро време се избори за место во почетниот тим.

Бразилецот утрово ги шокираше сите, откако објави фотографија на која се гледаше повредата  која ја доби на натпреварот против Коринтијанс.

Палмеирас беше поразен со 1:0, а Мело на крајот заврши во болница по хорор повредата на главата.

За среќа Бразицот добро помина, а докторите кажаа дека повредата на главата можела да биде многу посериозна.