Фени Индустри продолжува со 100% учинок, Куманово го декласира Вардар


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во шестото коло од македонската кошарска лига денес се одиграа два натпревари.

Фени Индустри славеше на гости против Струмица со 62:71. Фени одлично ја отвори првата четвртина и имаше двоцифрено водство, 9:19. После првата четвртина кавадарчани имаа водство од 16:22. Струмица на почетокот на втората четвртина ја намали предноста на само еден поен, 21:22. На полувреме Фени замина со водство од девет поени, 30:39. Три минути пред крајот на третата четвртина повторно предноста на Фени беше двоцифрена, 40:50. Резултатот 42:54 стоеше на семафорот пред последните десет минути од натпреварот. Предноста на Фени стигна до 17 поени на почетокот на четвртата четвртина, 50:67. Кошаркарите на Струмица ја намалуваа предноста на Фени, но на крајот беа поразени, 62:71. Чешковиќ со 22 поени го предводеше Фени до победа. Николовски додаде 15 поени. Станковиќ беше најефикасен во тимот на Струмица со 16 поени. Јокиќ и Бешовиќ додадоја по 12 поени. Фени ја запиша шестата победа во шест кола оваа сезона, а Струмица четвртиот пораз.

 

Куманово многу лесно го совлада Вардар на гости со 67:92. Во првата четвртина кошаркарите на Вардар постигнаа само 8 поени, а примија 24. На почетокот на втората четвртина само растеше предноста на Кумановци. На полувреме гостите имаа водство од 33:52. Третата четвртина не донесе ништо посебно што се однесува до резултатот, 51:69 во последните десет минути од натпреварот. Расположените Кумановци повторно се разиграа во последната четвртина и овој натпреварот го добија со 67:92. Мијатовиќ со 27 поени го предводеше Куманово до убедливата победа. Караџовски додаде 15, а Јанески и Пековиќ по 13 поени. Зекири во тимот на Вардар беше најефикасен со 15 поени. Четврта победа за Куманово, а шести пораз во шест натпревари за Вардар оваа сезона.