„Ферари 10% зад Мерцедес и 3% зад Ред Бул“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на ФИА и поранешен прв човек на Ферари, Жан Тод смета дека италијанскиот тим не е далеку од конкурентите во борба за титулата во Ф1.

Ферари во конкуренција на конструктори минатата сезона заврши на 3-то место со 398 бодови, зад Мерцедес со 765 и Ред Бул со 468.

„Ферари е 10% зад Мерцедес и 3% зад Ред Бул. Тоа не е многу. Ферари секогаш беше во водечката група и постигна неверојатен успех.“

„Да имавме таква сигурност каква што имаа, Шумахер во 2006 година ќе ја освоеше титулата, а Фелипе Маса 2 години подоцна.“