Фергусон во емотивна реприза се враќа на клупата на Јунајтед: Тоа ќе биде емотивен натпревар (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот шкотски фудбалски стратег, Алекс Фергусон се враќа на клупата на Манчестер Јунајтед, но само на еден натпревар.

Сер Алекс Фергусон ги предводеше „Црвените ѓаволи“ на 26. мај во средбата против Баерн Минхен кој на „Олд Трафорд“ ќе ја одбележи 20. годишнината од освојување на тројната круна во 1999. година.

Ќе биде тоа реприза од финалето во Лигата на шампионите кога Јунајтед на „Камп Ноу“ славеше против Баерн со 2:1 постигнувајќи два погодоци во судиското продолжување. Таа сезона Јунајтед го освои и англиското првенство како и ФА Купот.

Фергусон ќе го предводи златниот тим од 1999. година кој го предводеа Дејвид Бекам, Рајан Гигс, Питер Шмајхел, Двајт Јорке и Енди Кол. Еден од јунаците во победата на Јунајтед беше секогашниот в.д. менаџер Оле Гунар Солскјер кој во третата минута од судиското продолжение ги постигна победничкиот погодок.

„Се радувам што сите момци повторно ќе ги видам. Ќе биде тоа посебен ден, а повеќе ме радува што сиот прихоф од мечот ќе биде наменет во хуманитарни цели“, порача Фергусон.

Фергусон го предводеше Јунајтед од 1986. до 2013. освојувајќи дури 38 трофеи од кои 13 титули во англискиот шампонат и две во Лигата на шампионите.