Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот фудбалер на светот за минатата година Кристијано Роналдо во 2009 година го напушти Манчестер Јунајтед и кариерата ја продолжи во Реал Мадрид.
Роналдо после одличните партии во дресот на Црвените ѓаволи се одлучи да го напушти Олд Трафорд и својата кариера да ја продолжи во дресот на кралскиот клуб.
Иако постојано се шпекулираше дека најверојатно некогаш ќе се врати во Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд се одлучи да открие некоја тајна во периодот кога Португалецот ја напушти Англија.
„Фергусон бараше од Роналдо да остане во Манчестер Јунајтед барем уште една сезона и колку што знам тој вети дека ќе остане. Меѓутоа, неколку недели подоцна почна да се зборува дека Роналдо побара од челниците да го пуштат да оди во Реал.
За мене тој е еден од најдобрите на сите времиња, но со тој потег длабоко ме разочара“, рече Фердинанд, и додаде:
„Менаџерот на нашата екипа сакаше да остане истиот тим заедно со цел во наредната година да бидеме во конкуренција за титулата во ЛШ. Но, неговото заминување се некако промени. Најмногу ме боли што вети дека ќе остане, а на крајот самиот бараше да замине од клубот“.