Фернандо Вердаско – Каков терен е ова.. Како од 80-те?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вердаско беше разочаран по поразот од Ѓоковиќ во 1-то коло на Австралијан Опен.

Србинот победи со 6:1, 7:6 и 6:2.

„Неверојатно, ова беше кога во 80-те се играше на тепих – пребрзо е и топката не скока со иста динамика на сите делови од теренот. Никогаш во животот не сум удрил топка со рамо од форхенд. Едноставно не можев да се навикнам.“

„Чувствував дека можам овде да направам добар резултат и затоа ми е криво што немав среќа со ждребот. Што и да се обидов да направам. Новак најде неверојатен одговор, а ме убиваше со паралелни удари. Имав некои шанси во вториот сет, но тој ми ги зема.“

Најдобриот резултат на Вердаско во Мелбурн е од 2009 година кога во ½-финале изгуби од Рафаел Надал.