Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Макс Ферстапен имаше шанса по првпат во Силвестон да го вози новиот болид на Ред Бул, кој ќе биде со мотор на Хонда во 2019 година. возачот е задоволен од новиот „РБ15“.
Ред Бул ги помина првите км во новиот болид, а првите оценки се одлични.
„Денот е совршен, првите км во новиот болид. По првото возење бев насмеан и многу среќен поради тоа што имаме нов мотор. Многу е добра групата на луѓе со кои работам и едвај чекам да почнат тестовите, а потоа и натпреварите“, вели Ферстапен.
Ред Бул ја заврши долгогодишната соработка со Рено, а Ферстапен очекува многу од соработката со Хонда, која ќе ги даде своите мотор, додека Ред Бул стандардно има добри карактеристики.