Ферстапен: И јас да го имам болидот на Хамилтон би бил најдобар!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холанѓанскито возач во болидот на Ред Бул, Макс Ферстапен смета дека болидот на Мерцедес е причината поради која Луис Хамилтон стана повторно шампион.

Британецот неодамна во Мексико ја потврди својата петта титула во Формула 1, но Ферстапен смета дека и тој би бил најдобар доколку го има неговиот болид.

„Неговиот болид ја прави разликата. Секако, тој е одличен возач, но и јас би победувал во тој болид. Рикиардо исто така би бил најдобар“, кажа Ферстапен.

Младиот возач смета дека за три години Ред Бул ќе се врати на врвот.