Фетел со рекорд на патеката Хунгароринг до пол позиција


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Унгарија која ќе се вози на легендарната патека „Хунгароринг“.

Германецот со одлично возење стигна до време од 1:17.017 и со тоа постави нов апсолутен рекорд на патеката.

Клупскиот колега на Фетел, Кими Раиконен ќе стартува од втората позиција на утрешната трка во Унгарија. Финецот исто така возеше одлично на денешните квалификации и имаше само за 475  илјадити делови од секундата послабо време од Фетел.

Третата позиција му припадна на Валтери Ботас, додека од четвртата позиција ќе стартува младиот Макс Ферстапен.

Луис Хамилтон имаше проблеми со пневматиците во последниот дел од квалификациите, но на крајот успеа да заврши на петтата позиција.

Трката за Големата награда на Унгарија на програмата е утре со почеток од 14:00 часот.