Фиорентина доведе играч на Емполи


Англија преживеа, Турција по ново изненадување! ↓↓↓


Еден од најдобрите играчи на Емполи заврши во оваа зима во Фиорентина.

Официјално, Фиорентина потпиша договор со Рикардо Сапонара, досегашниот фудбалер на Емполи.

Овој фудбалер синоќа ги заврши сите формалности околу преминот во тимот од Фиренца, а во наредните 18 месеци ќе биде на позајмица.

Сепак, Фиорентина има право во секој момент да го откупи неговиот договор, а цената ќе биде 10 милиони евра.

За оваа позајмица, платија 1.3 милиони евра.

Овој фудбалер игра како офанзивен играч за врска, беше и член на Милан две години, а за Емполи постигна 14 голови во Серија А од 2015 година кога потпиша за овој тим.

И пред Милан играше за Емполи овој 25-годишен фудбалер, и тогаш остави многу длабока трага со 12 голови.