Фиорентина пазари во Србија?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Фиорентина е во преговори со двајцата млади и перспективни играчи на Партизан, Душан Влаховиќ и Никола Миленковиќ.

Според Скајспорт, претставници на Фиорентина веќе утре имаат средба со луѓето на Партизан во Белград.

Фиорентина за Миленковиќ ќе понуди 5 милиони евра и 20% од следнта продажба да припаднат на Партизан.

Додека за Влаховиќ во план е да се понуди 1.5 милиони евра и да пристигне во 2018 кога тој ќе наполни 18 години.

Покрај Фиорентина за овие двајца одлични играчи заинтересирани се и луѓето од Интер.