Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот дефанзивец Никола Миленковиќ е една од желбите на Манчестер Јунајтед во јануарскиот преоден рок.
Миленковиќ кој го носи дресот на Фиорентина најпрво беше најголема желба на Жозе Мурињо, а интерес за него покажа и Солскер кој процени дека Никола има квалитет за Манчестер Јунајтед.
Претходната недела се шпекулира дека Црвените ѓаволи за неговиот трансфер се спремни да издвојат и повеќе од 50 милиони евра, меѓутоа на крај ќе мора да почекаат до летото бидејќи од Фиорентина ја одбиваат секоја можност оваа зима да го продадат Миленковиќ.
Овој 21 годишен фудбалер за сезона и пол во Фиорентина ги воодушеви сите со одличната игра и привлече внимание од бројни клубови. Покрај Манчестер Јунајтед, за неговите услуги се интересираат и Манчестер Сити и Јувентус.
Да потсетиме, Миленковиќ на Апенините пристигна од Партизан со трансфер вреден 5,1 милион евра. Оваа сезона во дресот на Фиорентина тој одигра 18 натпревари во Серија А и притоа постигна два погодоци.