ФИФА прави реформи во СП за клубови – ќе се игра на четири години и ќе има 12 европски клубови!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Советникот на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, легендарниот Звонимир Бобан, најави укинување на Светското клупско првенство.

СП за клубови има речиси забавувачки карактер и покрај големите напори на ФИФА од него да направи елитно натпреварување.

„Ова никого не го задоволува. Како Купот на конфедерации, време е да се ослободиме од турнирот, кој не е на нивото на ФИФА и да создадеме клупско Светско првенство, кое ќе се игра на секои четири години“, кажа Бобан.

Бобан најави дека во новото натпреварување ќе учествуваат 12 европски и 12 клубови од останатите континенти. Бобан во интервју за „Скај Спортс“ остро го критикуваше и однесувањето на навивачите на мечот меѓу Интер и Наполи, кога Калиду Кулибали беше навредуван на расна основа.