ФИФА профитира од проширување на СП на 48 тимови

Претседателот на ФИФА, Инфантино со своите соработници вредно работи на идеите СП да се игра во нов формат. По се изгледа дека извесно е проширувањето.

Од промените на форматот на СП најмногу корист би требало да има ФИФА, која многу ќе профитира. Според медиумите, ФИФА од СП 2018 ќе заработи 3.35 милијарди евра, а од 2026-та година кога ќе има 48 тимови, тие ќе заработат 3.95 милијарди.

Во исто време, трошоците поради зголемувањето на бројот на репрезентации и натпревари ќе се зголеми за 307 милиони, но и ќе се зголемат прихдоите од ТВ права и маркетинг.