Фленсбург го победи Мешков и закажа четвртфинале со Вардар


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ракометарите на Фленсбург на домашен паркет го победија Мешков Брест во реванш натпреварот од 1/8 финалето во ЛШ, 28:26.

Домашните со серија од три погодоци стигнаа до водство, 3:1. Клубот од Русија возврати со иста мерка за 4:5. Гостите постигнаа два погодоци во низа за прво поголемо водство на натпреварот, 5:7. Фленсбург направи серија од три погодоци, 8:7. До крајот на првото полувреме се менуваа водствата на двете страни и после 30 минути игра на семафорот стоеше израмнет резултатот, 13:13.

Мешков Брест со два погодоци во низа стигна до минимално водство, 15:16. Домашните ракометари набрзина го вратија водството, 17:16. Девет минути пред крајот на натпреварот Мешков Брест имаше минимално водство, 22:23. Рускиот клуб со два погодоци стигна до водство од два погодоци, 23:25. Ракометарите на Фленсбург до крајот на натпреварот направија пресврт, 28:26.

Расмус Лауге Шмит го предводеше Фленсбург до победа со 7 погодоци. Кај Мешков Брест најмногу се истакна Растко Стојковиќ со 8 погодоци.

Фленсбург е противник на Вардар во 1/4 финалето во Лигата на Шампионите.