Фостер го критикува Кепа: Каков е овој однос? Не си веќе дете!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Вотфорд, Бен Фостер вели дека чуварот на мрежата на Челси, Кепа Аризабалага сакал да биде херој во финалето во Карабао-купот против Манчестер сити и тоа го разбирал многу добро, но не бил убав неговиот потег кон тренерот Маурицио Сари.

Шпанецот одби да биде заменет во финишот на продолженијата, па тоа го налути Сари, кој во еден момент тргна да го напушти теренот, но потоа се предомисли. На крајот, двајцата кажаа дека е недоразбирање, но шпанскиот голман доби казна и нема да добие еднонеделна плата.

„Тоа беше непријатно и не можев да го гледам. Знам какво е чувството да сака да се избори на пеналите и да биде херој. Но, мислам дека недостатокот на комуникација од нечија страна можеше да направи големи проблеми. Едноставно, Кепа требаше да отиде до тренерот и да му каже дека е во ред. Не е веќе дете, не може вака да се однесува“, вели Фостер.

Кепа стигна во Челси на почетокот на сезоната во рекорден трансфер, па многу се очекува од него во години кои доаѓаат.