ФОТО+ВИДЕО: Порано продавал крофни, а сега е најдобриот голман во Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барајќи ги најобразованите и најпаметните фудбалери во светот, чудесниот свет на интернетот не однесе на сосема друга страна.

Имено, порталот „The Sportster.com“ објави една интересна статија со најглупите потези на фудбалерите – кои не се изведени на теренот.

Навистина тука има се, некои од информациите се помалку, некои повеќе познати во јавнсота, особено оние кои се однесуваат на Диего Марадона и неговите патувања со кокаинот и слично, но кога тука го пронајдовме Давид Де Геа, не очекувавме ваква дело кое е направено во 2011. година.

Да бил во „погрешниот“ дел на Мадрид, и да бил навивач на Реал мадрид, кој знае каде би завршил.

Тој во 2011. година за малку имаше судир со полицијата поради кражба, тешка 100 грама – во парична вредност од две евра. Де Геа од продавница украл крофна, која не ја платил.

Истото го направиле и неговите двајца пријатели, а се било снимено од видео надзорот. Проблемот со неплатените крофни го решиле безбедносните служби, и спречиле евентуален проблем кој би можел да настане.

Де Геа тогаш беше прв голман на Атлетико Мадрид, а таа година и направи трансфер во Манчестер Јунајтед. Денеска е најдобар голман во Премиер лигата, ако не и во светот.