Фотографија од Салах од младоста стана хит на социјалните мрежи


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Египетскиот фудбалер Мохамед Салах го воодушеви фудбалскиот свет минатата сезона со своите игри во дресот на Ливерпул.

Салах на пошироката јавност се претстави додека играше во дресот на Базел, а набрзо после тоа го купи Челзи. Сепак, тука не се изнаигра премногу, а права шанса доби во Рома каде што беше еден од најдобрите играчи.

Но, Египќанецот експлодираше минатата сезона во дресот на Ливерпул.

Овој 26 годишен фудбалер преку ноќ стана еден од најпопуларните фудбалери во светот.

На социјалните мрежи се појави фотографија од пред неколку години и стана вистински хит.