Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пилотот во формула 1 тимот на Рено, Џолјон Палмер по трката во Унгарија се наоѓа на одмор во Охрид.
26 годишниот Британец паузата во Ф1 шампионатот се реши да ја помине со одмор во нашиот главен туристички центар, а фотографија од одморот прикачи и на социјалната мрежа „Инстаграм“.
Џолјон Палмер во друштво со неговиот брат Вил кој исто така е во автомобилизмот и е еден од најталентираните млади возачи се наоѓаат во градот под Самоиловите тврдини и тука ќе останат во следните денови.