Франк де Бур одбил клуб од Премиер лигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот менаџер на Интер, Франк де Бур во моментов е без ангажман, иако не е тајна дека секојдневно добива понуди за нова работа.

И покрај тоа што во Интер имаше разочарувачка епизода, Де Бур и понатаму е менаџер на кого има доверба, а во прилог оди и фактот дека добил понуда од Премиер лигата.

За неговите услуги е заинтересиран Свонси, кој остана без менаџерот Боб Бредли, но Холанѓанецот не сакаше да седне на клупата на овој клуб и им се заблагодарил на понудата.

Свонси по 18 кола се наоѓа на претпоследното 19. место во Премиер лигата со 12 освоени бода и нивниот нов менаџер ќе се сретне со огромна работа.