Франција и Данска со пријателско реми кое ги однесе во нокаут фазата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со најнепопуларното реми помеѓу Франција и Данска (0:0) и победата на Перу над Австралија (2:0) завршија натпреварите во групата Ц на Мундијалот во Русија.

Французите останаа први, додека пласман во нокаут фазата обезбеди и репрезентацијата на Данска.

Перу против Австралија дојде до пирова победа која не им значеше ништо, па така работите во групата Ц останаа исти како и пред ова коло.

Франција ќе вкрсти со некоја од второпласираните репрезентации од групата Д, додека Данска веројатно ќе оди на Хрватска во осминафиналето.