Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Што се јорганџиите без убиствен напаѓач?
Навивачите на Атлетико се во еуфорија. Сакаат кога нивните миленици се борат за топката, но повеќе од сите ги сакаат напаѓачите. Фалкао, Торес, Агуеро, Коста, па Гризман ги натераа на таа љубов. И најголемата грижа беше дали Гризман ќе остане после летото? Одговорот е Да! И не само тоа, Гризман ќе добие друштво кое го побара. Кадена Копе соопшти дека раководството на Атлетико Мадрид го договори трансферот на Александр Лаказет од Лион.
Остана уште само да го убедат претседателот на Лион, Жан Мишел Ола да ја прифати понудата на Атлетико. Оштетата нема да биде мала и мора да се плати. Најтешко беше да се добие потврден договор од Лаказет.
А тука и Гризман помогна. Кадена соопшти дека Гризман помогнал во поголем дел од работата на неговиот репрезентативен соиграч дека Мадрид е вистинскиот избор за продолжување на кариерата. Потоа претседателот Мигел Анхел Хил тргна во акција.
Доаѓањето на Лаказет ќе има две функции. Освен погодоците, треба да го убеди Гризман да остане. Наводно Гризман му порачал на раководството на Атлетико дека доаѓањето на Лаказет е она што ми треба.
Ниту тој, а ниту јорганџиите не сакаат да се вратат во губитнички клуб. Сакаат уште трофеи.