Франческо Тоти – Уште три месеци уживање,па ќе видиме потоа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Принцот на Рим и понатаму го следи прашањето што ќе прави после оваа сезона.

Играчите во 4-та деценија од својот живот размислуваат често за пензија. Нормално е тоа, но не и за Тоти.

Тој по натпреварот со Чезена даде интересна изјава.

„Им честитам на Чезена на одличниот настап, играа многу добро. Овој тим заслужува многу повеќе од Серија Б! Оваа победа е многу важна за нас. Сега не чека дерби со Лацио во купот и ќе дадеме се од себе за да влеземе во финалето.“

„За мојата иднина сеуште не знам ништо, ќе уживам во наредните 3 месеци, па ќе видиме.“