Фудбалерот кој лесно му кажа „не“ на Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Талентираниот фудбалер на Еспањол, Арон Мартин ја одби понудата од градскиот ривал Барселона.

Каталонскиот гигант му испрати понуда на градскиот ривал за 19-годишниот фудбалер, но фудбалерот одби да потпише договор со Барселона.

„Добивме огромна понуда од Барселона за него, но тој ја одби. Не сакаше да го напушти Еспањол“, изјави Дани Фернандез, неговиот прв тренер.

Мартин е лев бек, а оваа сезона има одиграно 10 натпревари во дресот на Еспањол.