Фудбалерот на Реал Мадрид на мета на старата дама


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус би можел да се засили следното лето со фудбалер од Реал Мадрид.

Иако порано се зборуваше дека Хамес Родригез би можел да се пресели во Јувентус, изгледа дека старата дама повеќе е заинтересирана за Иско.

Иско оваа сезона почна само осум натпревари во Ла Лига, постигна два погодоци и запиша три асистенции.

Долго се шпекулира за неговата иднина, а засега шпанските медиуми најмногу го преселуваа на островот, поточно во Арсенал, Челси и Манчестер Сити.

Иско пред Реал играше за Малага од која во летото 2013-та година за 30 милиони евра се пресели во кралскиот клуб. Со Реал освои две ЛШ, купот на кралот, два пати светското клупско првенство и два пати УЕФА суперкупот.